• петок, 22 ноември 2024

Нуњез суспендиран на пет натпревари по тепачка со навивачите на Копа Америка

Нуњез суспендиран на пет натпревари по тепачка со навивачите на Копа Америка

Мадрид, 28 август 2024 (МИА) - Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез е суспендиран на пет натпревари и казнет со 20.000 долари поради учество во тепачка со навивачи за време на Копа Америка 2024 година, пренесува „AS“.

По натпреварот меѓу репрезентациите на Колумбија и Уругвај (1:0) во полуфиналето на турнирот, на трибините изби конфликт меѓу колумбиски и уругвајски навивачи. Подоцна им се приклучија играчи од репрезентацијата на Уругвај. 

Според зборовите на играчите, тие застанале во одбрана на членовите на своето семејство кои биле нападнати од Колумбијците.

На видеоснимка се гледа како Нуњез фрла стол кон колумбиските навивачи. Тој не беше единствениот фудбалер казнет од страна на Фудбалската асоцијација на Јужна Америка како последица на инцидентот. 

Играчот од средниот ред Родриго Бентанкур беше суспендиран на четири натпревари и казнет со 16.000 долари, додека Хозе Марија Хименез, Матиас Оливера и Роналд Араухо беа суспендирани на три натпревари и парично казнети со 12.000 долари. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан