• вторник, 09 јули 2024

Нуњез и Гера изоставени од Скариоло за Евробаскет 2022 година

Нуњез и Гера изоставени од Скариоло за Евробаскет 2022 година
Мадрид, 30 август 2022 (МИА) – Стручниот штаб на репрезентацијата на Шпанија се одлучи за составот со кој ќе настапи на Европското првенство. Селекторот Скариоло во последен момент од репрезентација ги изостави Хуан Нуњез и Фран Гера. Боите на шпанската репрезентација ќе ги бранат: Дарио Бризуела, Лоренцо Браун, Алберто Дијаз, Руди Фернандез, Хамес Фернандез, Усман Гаруба, Гилермо Ернангомез, Хуан Ернангомез, Хабиер Лопез-Аростеги, Џоел Пара, Хамес Прадиља и Себас Саис. Шпанија под водство на Серхио Скариоло ќе го започне Евробаскетот против Бугарија. Европското првенство ќе се игра од 1 до 18 септември во Грузија, Германија, Италија Чешка. зс/

Остани поврзан