Нухиу повеќе не е тренер на Шкендија
- Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија денес ја прекина соработката со тренерот Ардијан Нухуиу.
Тетово, 12 декември 2023 (МИА) – Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија денес ја прекина соработката со тренерот Ардијан Нухуиу.
За оваа одлука тетовци информираа преку клупската веб-страница.
- По внимателна проценка и отворен дијалог постигнавме билатерален договор за прекин на соработката со тренерот Ардијан Нухиу. Оваа одлука ја споделуваме со убедување дека во овој момент е важно да се направат промени кои ќе донесат нов дух и нова насока во нашиот тим. Благодарни сме на тренерот Нухиу и неговите стручни лица за нивниот придонес додека беа дел од нас, посакувајќи им успех во нивната професионална иднина. Продолжуваме решително, размислувајќи и реагираме, во насока на градење и обезбедување циклуси на победи во следниот период, стои во соопштението.
Шкендија есенскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига го заврши на третото место со освоени 35 бода на 18 натпревари. зс/
Фото: ФК Шкендија