• недела, 22 декември 2024

Нуланд: САД  бараат траен мир во кој Украина ќе преживее и ќе напредува 

Нуланд: САД  бараат траен мир во кој Украина ќе преживее и ќе напредува 

 

Вашингтон, 16 февруари 2023 (МИА) Русија објави дека започнува нова офанизива кај Бахмут, но ако тоа е тоа, би рекла изгледа многу патетично, а Украина спрема своја офанзива, Викторија Нуланд, помошничка државен секретар за политички работи, изјави денеска во текот на телефонски брифинг за новинарите. 

Во пресрет на годишнината од почетокот на руската инвазија на Украина, таа рече „колку е тешко да се помисли дека оваа војна трае веќе цела година“. 

-Но не само тоа што Украина се бори храбро, денес над 50 земји обезбедија десетици милијарди долари воена, економска и хуманитарна помош за неа, изјави таа. 

-Путин сeриозно ги потцени Украинците и слободниот свет... и додека претседателот на Украина истакна десет точки, формула за праведен мир, Русија продолжува да зборува за лажен мир, рече таа. 

Додаде дека она што САД го бараат е траен мир во кој Украина не само што ќе преживее туку и ќе напредува во своите меѓународно признати граници.  

-Нема да прифатиме никаков лажен или фалсифициран мир во кој Русија ќе можа да се соземе, регрупира и врати. 

Таа истaкна дека војната продолжува „измачувачки на истокот. Русија објави дека започнува нова офанизива кај Бахмут, но ако тоа е тоа, би рекла изгледа многу патетичноУкраина самата се подготвува за своја офанзива подоцна“. 

Таа рече дека „салутира“ на храброста и пожртвуваноста на украинскиот народ, воден од претседателот Зеленски. 

-Не само што тие се борат на военото поле, туку тие ја издржуваат оваа насилна ескалација што Путин ја започна против нив во форма на напад на енергетски и друга критична инфраструктура. Неселективно напаѓајќи цивили, бомбардирајќи градови, и секако злотворната, злотворната филтрација на украинските деца во Русија, тие треба да се засрамат, рече таа.

Во текот на брифингот таа се осврна и на прашања за вооружувањето на Украинците, новите санкции против Русија што треба да бидат објавени идната недела на 24 февруари и изгледите за окончување на војната во 2023 година. кб/ 

Остани поврзан