• понеделник, 23 декември 2024

Нуклеарниот отпад ќе остане во германските нуклеарни централи најмалку уште 50 години

Нуклеарниот отпад ќе остане во германските нуклеарни централи најмалку уште 50 години

Берлин, 18 октомври 2021 (МИА) - Радиоактивниот отпад од високо ниво ќе се складира во германските нуклеарни централи најмалку уште 50 години поради недоволен капацитет за трајно складирање, изјави шефот на комисијата за отстранување нуклеарен отпад.
Процесот на складирање отпад во последниот склад ќе биде завршен околу 2080 година, а работниот век на привремените складишта истекува многу порано, предупреди Мајкл Сајлер во интервју за новинската агенција ДПА.
- Во Германија имаме 16 објекти за привремено складирање радиоактивен отпад од високо ниво, а повеќето од нив истекуваат помеѓу 2045 и 2046 година, вели Сајлер.
Откако го напушти планот за складирање отпад во солена купола во рудник во Горлебен, Долна Саксонија, германскиот Парламент ја одреди 2031 година како краен рок за наоѓање нова локација.
- Потоа следат постапки за издавање дозволи и градба, кои ќе траат 20-ина години, значи до средината на векот, појасни германскиот експерт.
Тој додаде дека преместувањето на отпадот од привремени во конечни складишта може да трае 30-ина години. - Тоа значи дека постапката за конечно складирање ќе трае од 2050 до 2080 година, истакна експертот.
Последната германска нуклеарна централа треба да биде затворена до крајот на следната година. паг/
   

Остани поврзан