Нори противник на Ѓоковиќ во третото коло на УС Опен
- Британскиот тенисер Камерон Нори се пласираше во третото коло на УС Опен, откако синоќа победи во четири сета против Аргентинецот Франциско Комесано со 7:6(5), 6:3, 6(0):7, 7:6(4).
Њујорк, 28 август 2025 (МИА) – Британскиот тенисер Камерон Нори се пласираше во третото коло на УС Опен, откако синоќа победи во четири сета против Аргентинецот Франциско Комесано со 7:6(5), 6:3, 6(0):7, 7:6(4).
Нори (АТП-35) до победата над 54-то рангираниот тенисер во светот дојде по четири часа и три минути игра.
Во третото коло, Нори ќе игра против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ и Нори досега имаат шест меѓусебни дуели, а српскиот тенисер има шест победи.ег
ФОТО: ЕПА