• петок, 22 ноември 2024

Норвешка протерува тројца руски дипломати

Норвешка протерува тројца руски дипломати
Осло, 6 април 2022 (МИА) - Норвешкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека протерува тројца дипломати од Руската амбасада во Осло, поради „активности кои се неспоиви со нивниот дипломатски статус“. Шефицата на норвешката дипломатија Аникен Хитфелд наведе дека „неслучајно сега се случуваат протерувањата“ на руските дипломати. - Протерувањето доаѓа во време кога светот е шокиран од извештаите за злосторства извршени од руските сили врз цивили, посебно во градот Буча, во близина на Киев, истакна Хитфелд. ми/

Остани поврзан