• сабота, 14 декември 2024

Ноер суспендиран два натпревари

Ноер суспендиран два натпревари


Берлин, 5 декември 2024 (МИА) – Суспензија од два куп натпревари на Мануел Ноер му изрече денеска дисциплинската комисија на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ), откако голманот и капитен на Баерн Минхен во вторникот го доби првиот црвен картон во кариерата.
Во својот 866. натпревар, Ноер го доби првиот црвен картон на 38-годишна возраст по сударот со Холанѓанецот Џереми Фримпонг на „Алијанц Арена“ во осминафиналето на германскиот Куп против Баер Леверкузен.
Баерн, кој го одигра натпреварот со фудбалер помалку речиси 70 минути, на крајот загуби со 0-1, а Нејтан Тел го постигна голот за Баер Леверкузен.
Дисциплинската комисија на ДФБ одлучи да го суспендира Ноер на два натпревари од Купот, кои нема да се играат до следната сезона, додека договорот на голманот со Баерн е со важност до 30 јуни 2025 година.
Доколку Ноер го продолжи договорот, би ги пропуштил првите две кола од Купот на Германија во 2025/26 година, односно првото коло од Купот и германскиот Суперкуп, доколку Баерн ја освои шампионската титула на крајот од оваа сезона. ег 
ФОТО: Икс

 

Остани поврзан