• петок, 05 јули 2024

Ноер по ремито со Борусија: Ова е наш неуспех, а не заслуга на нашите ривали

Ноер по ремито со Борусија: Ова е наш неуспех, а не заслуга на нашите ривали
Дортмунд, 9 октомври 2022 (МИА) - Голманот на Баерн, Мануел Нојер е незадоволен од загубата на бодови во дербито со Борусија Дортмунд одиграно синоќа во рамките на 9. коло во Бундес лигата. Резултатот на крајот беше 2:2, иако Баерн Минхен на петнаесетина минути пред крајот водеше со 2:0. - Нема сомнеж дека овој резултат е наш неуспех, а не заслуга на нашите ривали. Моравме да ги отстраниме сите прашања за победникот пред да почнат да погодуваат. Имавме можност да завршиме се, но не успеавме. Грешките се составен дел од фудбалот, но во последно време ги правиме премногу често, изјави Ноер за „Билд“. Баерн е трет на табелата во Германското фудбалско првенство со 16 бодови. Исто толку има Борусија која ја прекина серијата од осум порази против Баерн. зс/

Остани поврзан