• недела, 22 декември 2024

Ноер може да се врати на терените дури во 2024 година

Ноер може да се врати на терените дури во 2024 година

Минхен, 8 август 2023 (МИА) - Баерн Минхен разговара за тајмингот на враќање на голманот Мануел Ноер на теренот. Според „Билд“, во баварскиот клуб се верува дека 37-годишниот Германец нема да може да игра до 2024 година.

 

Фудбалерот веќе почна да закрепнува од операција за отстранување на металните импланти од десната фибула, но му треба уште време, па Баерн летово би можел да потпише нов голман.

 

Во декември голманот се здоби со скршеница на десната нога додека скијаше на зимски одмор. Тој беше успешно опериран и беше надвор од теренот до крајот на сезоната.

 

Во мај Ноер изјави дека рехабилитацијата оди многу добро. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан