Нов трејлер за претпродолжението на „Игра на престоли“
- Улогите ги толкуваат Педи Консидин, Оливија Кук, Мет Смит, Ема Д'Арси, Фабиен Френкел, Рис Ајфанс, Стив Тусен, Ив Бест и Соноја Мизуно.
Лос Анџелес, 6 мај 2022 (МИА) - „Ејч-би-о“ го претстави најновиот трејлер за своето претпродолжение на серијата „Игра на престоли“ (Game of Thrones) наречено „Куќата на змејот“ (House of the Dragon), како и постери со ликовите.
„Куќата на змејот“ ќе почне со прикажување на 21 август, а автори на остварувањето се Џорџ Р.Р. Мартин, Рајан Кондал и Мигел Сапочник. Улогите ги толкуваат Педи Консидин, Оливија Кук, Мет Смит, Ема Д'Арси, Фабиен Френкел, Рис Ајфанс, Стив Тусен, Ив Бест и Соноја Мизуно.
https://www.youtube.com/watch?v=Wg86eQkdudI
Заснована на романот „Оган и крв“ (Fire & Blood) на Мартин, серијата се одвива 300 години пред настаните од оригиналната серија, а нагласката е на куќата на Таргариен...
Мигел Сапочник ќе ја режира пилот-епизодата и уште некои епизоди. си/ссм/