• петок, 22 ноември 2024

Нов состанок на Работната група за измени на Изборниот законик

Нов состанок на Работната група за измени на Изборниот законик
Скопје, 26 мај 2021 (МИА) - Во организација на министерот за правда Бојан Маричиќ, попладнево се одржа нов состанок на Работната група за измени на Изборниот законик на кој присуствуваа претставници на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците, БЕСА, Левица, ВМРО-Народна партија, ЛДП, Демократски Сојуз, парламентарни партии на помалкубројните етнички заедници, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Поканети беа и претставници на ДОМ и Алтернатива. На состанокот, како што соопшти Министерството за правда, кој помина во конструктивна атмосфера повторно се разговараше за политичките прашања во однос на изборните модели и можните измени, а претставници на партиите ги изнесоа политички ставови, предлози и размислувања во однос на измените. Договорено е овие разговори во ваков формат да продолжат следната недела. мд/скс/

Остани поврзан