• недела, 22 декември 2024

Нов ракетен напад врз американската амбасада во Багдад

Нов ракетен напад врз американската амбасада во Багдад
Багдад, 17 ноември 2020 (МИА) - Неколку ракети вечерва се истрелани врз американската амбасада во ирачкиот главен град Багдад, соопштија безбедносни извори. Ова е прв ваков напад откако проиранските фракции минатиот месец се согласија да престанат со бомбардирање на дипломатското претставништво на САД. Биле слушнати неколку силни експлозии, проследени со звуци на брзи истрели и црвени факли кои го осветлуваат небото, што укажува на тоа дека бил употребен системот за противракетна одбрана „C-RAM“ на амбасадата. гт/

Остани поврзан