Нов пожар кај тетовско Желино, ангажирани два „ер трактори“
- Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов попладнево информираше дека избил нов пожар кај тетовско Желино. Повеќе информации се најавуваат за подоцна.
Скопје, 3 август 2025 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов попладнево информираше дека избил нов пожар кај тетовско Желино.
Во моментот, според информациите од ДЗС, на терен се ангажирани два „ер трактора“ на Дирекцијата за заштита и спасување.
Претходно, Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека на територија на државата нема активни пожари. бак/вг/
Фото: Принтскрин