• понеделник, 23 декември 2024

Нов критериум за трансфери во Велика Британија по „Брегзит“

Нов критериум за трансфери во Велика Британија по „Брегзит“
Лондон, 28 април 2020 (МИА) - Сите играчи во странство кои сакаат да се приклучат на клубовите во Премиер Лигата, мора да бидат предмет на критериуми, засновани на поени, откако Велика Британија ќе ја напушти Европската унија. Потребни се нови регулативи, бидејќи клубовите веќе нема да имаат неограничена можност за потпишување со играчи од Европа по преодниот период на раздвојување меѓу Велика Британија и ЕУ. Англиската фудбалска асоцијација (ФА) ги објави плановите за основниот систем на Премиер лигата во својот годишен финансиски извештај. Лигата не одобрува план за воведување на квота, кој му овозможува на секој тим да има 13 играчи кои не се од Велика Британија. Новиот систем на поени ќе ја прошири сегашната proоценка за визи за не-европските играчи. ФА соопшти дека „се обидува активно да ги ублажи и управува ризиците и можностите“, наметнати од Брегзит. - Ова има потенцијал да има негативно влијание врз бројот на европски играчи кои влегуваат во англиските првенства, што може да доведе до девалвација на внатрешните права на англиските турнири, но може да биде нова можност за англиските играчи во Премиер лигата и на други нивоа, се наведува во Стратешкиот извештај на ФА. Велика Британија официјално ја напушти ЕУ на 31 јануари, но останува во рамките на економската и регулаторната орбита на заедницата до крајот на годината.

Тагови

Остани поврзан