• сабота, 23 ноември 2024

Нов Зеланд ќе ја легализира еутаназијата

Нов Зеланд ќе ја легализира еутаназијата
Велингтон, 30 октомври 2020 (МИА) - Граѓаните на Нов Зеланд изгласаа легализација на еутаназијата, покажуваат денеска објавените прелиминарни резултати од референдумот што се одржа во средината на октомври. Според првичните резултати 65,2 отсто од граѓаните го поддржаа Законот за еутаназија, со кој им се овозможува на смртно болните луѓе, кои немаат повеќе од шест месеци живот да умрат со асистенција, ако тоа го одобрат двајца лекари. Предвидено е Законот да стапи во сила во ноември 2021 година. Закон за еутаназија имаат Канада и Холандија. ми/

Остани поврзан