• четврток, 26 декември 2024

Нов допинг скандал во фудбалот: Голема ѕвезда суспендирана на две години

Нов допинг скандал во фудбалот: Голема ѕвезда суспендирана на две години

Рио де Жанеиро, 25 март 2024 (МИА) - Габриел Барбоса, познат како Габигол, се соочува со двегодишна забрана за мамење на антидопинг тест, што значи дека ќе паузира до пролетта 2025 година.

По судењето во понеделникот, каде што беше обвинет за прекршување на процедурата и обид за измама, беше одлучено напаѓачот на Фламенго да започне со издржување на казната на 8 април. На Габигол му беше дозволено да се жали на оваа одлука.

За време на тестирањето, Габигол се однесувал непрофесионално, ги игнорирал службениците на антидопинг агенцијата и не ги почитувал пропишаните процедури.

Обидот за мамење за време на тестот беше основа за суспензија од четири години, но на крајот тој беше осуден на двегодишна казна.

Пресудата се заснова на сведочењето на биохемичар кој го објаснил процесот на антидопинг тестирање, нагласувајќи дека гестот на Габигол бил оценет како измама или обид за измама.

Оваа суспензија ќе го оддалечи од терените во екот на кариерата. Габигол, чиј успех во Фламенго е исклучителен од 2020 година, ќе мора да почека до 2025 година за да се врати на терените.дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан