• петок, 22 ноември 2024

Нов гаф на Бајден: Горд сум што служев како прва црна жена

Нов гаф на Бајден: Горд сум што служев како прва црна жена

Вашингтон, 5 јули 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „горд“ што е „првата црна жена што служи со црнец претседател“ во последниот гаф. Една недела по неговиот катастрофален настап во дебатата, Бајден вчера даде интервју за радио станицата во Филаделфија Вурд, пишува Телеграф. 

-Патем, горд сум што сум, како што реков, првиот потпретседател, првата црна жена... кој служел со црн претседател, рече тој. Бајден беше потпретседател за време на двата мандата на Барак Обама, првиот црн претседател во американската историја.

Кога беше избран во Белата куќа, Бајден ја назначи Камала Харис, првата црна жена на таа позиција, за негова потпретседателка. мс/

фото: ЕПА

Тагови

Остани поврзан