Ново списание и прирачници за предучилишна возраст во издание на „Арс Ламина“
- Издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува оваа воспитно-образовна година со ново списание и нови прирачници по математика и графомоторика, наменети за предучилишна возраст.
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Издавачката куќа „Арс Ламина“ ја почнува оваа воспитно-образовна година со ново списание и нови прирачници по математика и графомоторика, наменети за предучилишна возраст.
-Станува збор за интерактивното и модерно дизајнирано списание „Ѕвезди“, два нови прирачници по математика за 4-5 години, односно 5-6 години, како и Прирачник за предучилишна возраст со графомоторички вежби (5-6 години). Новите изданија се со одобрение за употреба од Министерство за труд и социјална политика (МТСП), информираат од „Арс Ламина“.
Предвидено е новото литературно и едукативно списание „Ѕвезди“ да излегува еднаш месечно за времетраење на воспитно-образовната година (септември-јуни). Тоа е наменето за деца од четири до шест години. Издавачите објаснуваат дека, содржините концепциски во списанието се усогласени со воспитните цели и содржини предвидени според програмата за ран детски развој.
-Списанието „Ѕвезди“ е извор на знаења за децата, но и корисно дополнително средство за воспитувачите при реализирање на програмата за ран детски развој во воспитните групи. На децата им се овозможува интеракција низ цртање, доцртување, боење, поврзување, раскажување и логичко подредување на даденото дејство. Посебен фокус е ставен на содржините од областа на македонскиот јазик како препознавање на буквите и поимите, совладувањето и користењето на лесни математички операции, како и пристапот во обичното секојдневие, запознавање и разбирање на околината, велат од „Арс Ламина“. Составен дел од списанието „Ѕвезди“ е и подлистокот „Ѕвездички“, преку кој децата имаат можност низ игра да се стекнат со нови знаења и вештини, да бојат, да пополнуваат, да дополнуваат и да изработуваат. -Во секој број вметнат е и дополнителен додаток за креативни изработки, со кој преку боење, сечење и лепење кај децата се развиваат моторичките вештини. „Ѕвезди“ има и свој додаток и на интернет – специјално конципирана интернет-страница Zvezdi.mk, каде што ќе се објавуваат материјали за аудио и визуелно дополнување на содржините од списанието, соопштуваат од „Арс Ламина“. Оваа издавачка куќа нуди и нови прирачници: Математика – прирачник за предучилишна возраст (4-5 години), Математика – прирачник за предучилишна возраст (5-6 години) и Прирачник за предучилишна возраст со графомоторички вежби (5-6 години) се со содржини подредени според Програмата за рано учење и развој и се приспособени на возраста на децата. Прирачниците по математика се рецензирани од стручен тим во состав: д-р Слаѓана Јакимовиќ (професор по математика на Педагошки факултет, УКИМ), д-р Методи Главче (професор по методика на математика, Педагошки факултет, УКИМ), д-р Кирил Барбареев (професор на Факултетот за образовни науки, УГД, Штип), Иванка Петров (воспитувачка во ЈДГ „Весели цветови“, Скопје). Барбареев и Петров се јавуваат како рецензенти и на Прирачникот по графомоторика. ир/дма/