• сабота, 23 ноември 2024

Новозаразени 525, пријавени 18 починати, од нив 12 во изминатото деноноќие

Новозаразени 525, пријавени 18 починати, од нив 12 во изминатото деноноќие
Скопје, 24 септември 2021 (МИА) - Нови 525 случаи на КОВИД-19 од 3858 направени тестирања се  регистрирани во последните 24 часа. Пријавени се 18 починати лица, од кои 12 во изминатото деноноќие, а шест со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се со датум на смрт во период од 22 август до 19 септември 2021. Во новиот билтен се евидентирани и 449 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство.
Од новодијагностицираните, 268 се во Скопје, Куманово – 40, Струмица – 27, Штип – 25, Битола – 23, Охрид –17, Велес и Свети Николе – по 16, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Кочани – по 10, Крива Паланка – девет, Гевгелија има шест нови случаи, Струга – пет, Тетово и Радовиш – по четири, Неготино – три, Гостивар, Берово, Валандово и Кратово по два и по еден новозаразен со коронавирус имаат Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица - тројца од Скопје (82г, 83г и 87г), по две починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од  Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште шест лица, со датум на смрт во период од 22 август до 19 септември 2021. По двајца од овие починати се од Тетово и Куманово и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56 до 84 години и од нив само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите пет во домашни услови.
Министертството за здравство информира дека се регистрирани 449 оздравени пациенти - од Скопје – 246, Куманово – 30, Струмица – 28, Штип – 20, Кавадарци – 14, Кичево – 13, Гостивар – 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Кочани имаат по девет оздравени, Прилеп, Тетово и Радовиш по седум, Крива Паланка, Гевгелија и Ресен по пет, Богданци - четворица, Кратово и Виница по двајца и по еден оздравен имаат Неготино, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.
Епидемиолошки анализи на заболени и на активни случаи по градови:
Скопје 82 180, Активни 5714
Куманово 11198, Активни 937
Тетово 10781, Активни 951
Прилеп 8973, Активни 297
Гостивар 7945, Активни 497
Битола 7012, Активни 271
Велес 6114, Активни 311
Охрид 5880, Активни 491
Кавадарци 5809, Активни 213
Струмица 5670, Активни 322
Штип 5636, Активни 246
Кичево 3917, Активни 411
Струга 3773, Активни 364
Кочани 3178, Активни 133
Гевгелија 2382, Активни 81
Неготино 2304, Активни 45
Свети Николе 1862, Активни 117
Ресен 1524, Активни 104
Радовиш 1496, Активни 109
Дебар 1445, Активни 123
Крива Паланка 1388, Активни 78
Берово 1205, Активни 35
Делчево 1113, Активни 66
Виница 1018, Активни 51
Пробиштип 904, Активни 45
Валандово 802, Активни 36
Богданци 544, Активни 12
Кратово 543, Активни 51
Крушево 518, Активни 14
Македонски Брод 463 31
Демир Хисар 431, Активни 19
Демир Капија 408, Активни 6
Пехчево 310, Активни 6
Македонска Каменица 294, Активни 19
Дојран 139, Активни 1
Од почетокот на епидемијата во земјава бројот на КОВИД-дијагностицирани достигна 189159 од 1 269 370 тестирања. Оздравеле 170 395, починати се 6557 луѓе, а активни случаи има 12 207. хс/ цр

Остани поврзан