• недела, 22 декември 2024

Новогодишни пакетчиња за Македончињата во Требиште, Голо Брдо

Новогодишни пакетчиња за Македончињата во Требиште, Голо Брдо

Дебар, 12 јануари 2024 (МИА) - Македонско друштво „Илинден“-Тирана во соработка со Ракометниот клуб „Енхалон“ од Струга и поддршка од Хуманитарна организација „Свети Спас“ од Скопје, денеска распредели новогодишни пакетчиња за деца од административната единица Требиште, област Голо Брдо, Албанија.

-Посебно задоволство е што можевме да ги израдуваме Македончињата во административната единица Требиште во областа Голо Брдо, каде распределивме 50 новогодишни пакетчиња донација на хуманитарната организација „Свети Спас“, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Тоа, додаде, е во рамки на воспоставената соработка меѓу друштвото, организацијата и ракометниот клуб од Струга.

-Изразуваме голема благодарност до организацијата „Свети Спас“  и до Дејан Костески, претседател на ракометниот клуб „Енхалон“ , што и годинава ги израдуваа дечињата во Требиште, рече Ѓурѓај.

Новогодишните пакетчиња на децата им ги распределија активисти на огранокот на друштвото „Илинден“ за областа. вт/вј/

Фото: МД „Илинден“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан