Новогодишни активности на мото-клубот „Ендуро“ од Делчево
- Делчевскиот мото-клуб „Ендуро“ со доделување новогодишни пакетчиња на најмалите и мото-дефиле им ја честитаа Новата 2022 година на граѓаните на Делчево. Како што информираше претседателот на
Делчево, 1 јануари 2021 (МИА) - Делчевскиот мото-клуб „Ендуро“ со доделување новогодишни пакетчиња на најмалите и мото-дефиле им ја честитаа Новата 2022 година на граѓаните на Делчево. Како што информираше претседателот на клубот Виктор Стојановски идејата за денешниот настан е внесување позитивна атмосфера меѓу граѓаните со цел да се оттргне вниманието од пандемијата која ја одбележа 2021 година.
-Идејата за токму тоа, да венесеме вдерина во животите на луѓето и воедно да го промовираме нашето здружение, да кажеме дека спортуваме редовно. Ова е адреналински спорт кој сакаме да го развиваме. Иако на почетокот имавме само 20 членови, сега имаме 40 членови. Во преговори сме со Офф-роад клубот „Голак“ да се здружиме и да го развиеме овој спорт како локално, така и на државно и европско ниво со тоа што ќе имаме наши натпреварувачи на некои евроспки настани, рече Стојановски.
Најави реализација на повеќе настани кои ќе се реализираат во насока на промоција на Делчево како туристичка дестинација.
Граѓаните на Делчево го поздравија денешниот настан на мото-клубот „Ендуро“ посакувајки им многу успеси во претстојната 2022 година.
-Навистина прекрасно, секоја чест за овие момци, кои направија вистинска Новогодишна атмосфера, истакна жителка на Делчево.
Изненадувањето на денот, го приреди токму претседателот на клубот, кој го искористи моментот и ја запроси својата девојка, која од денес ќе биде негов животен сопатник, чин за кој двајцата добија голем аплауз од присутните граѓани на Делчево. вс/нд/