• петок, 27 декември 2024

Нови 820 случаи на заболени од Ковид, починати 32, оздравени 895 граѓани

Нови 820 случаи на заболени од Ковид, починати 32, оздравени 895 граѓани
Скопје, 29 ноември 2020 (МИА) - Нови 820 случаи на заболени од Ковид -19 се регистрирани во последните 24 часа. Направени се 2019 тестови. Министерството за здравство вечерва соопшти дека починати се 32 пациенти, а оздравени 895 пациенти.
Најголем број на новозаболени повторно има во Скопје 279 по што следуваат Битола со 58, Куманово со 49, Тетово со 42, Штип со 39, Гостивар со 37, Кавадарци со 34, Струга со 33, Струмица и Гевгелија со по 25, Охрид со 24, Неготино со 21, Велес со 19 и Прилеп и Кочани со по 15 случаи.
Од починатите, најмладиот е на 55-годишна возраст, а најстариот на 95-годишна возраст. Сите се починати во болнички услови. Најмногу починати има во Скопје -11, четворица се од Куманово, а по тројца има од Прилеп, Битола, Гостивар и Струмица. По еден починат пациент има од Тетово, Велес, Охрид, Гевгелија и Ресен.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 61543, бројката на оздравени е 38400, а на починати е 1731. Бројот на активни случаи е 21412.
Најмногу активни случаи има во Скопје 10150 по што следува Прилеп со 1047, Тетово со 961, Куманово и Гостивар со по 942 .....
Од скопските општини најмногу активни случаи има во Гази Баба - 1520, Аеродром 1461 и Кисела Вода со 1250 случаи. бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан