• понеделник, 23 декември 2024

Нови 536 случаи на КОВИД-19, оздравени 741, починати 15 лицa

Нови 536 случаи на КОВИД-19, оздравени 741, починати 15 лицa
Скопје, 31 декември 2020 (МИА) - Во последните 24 часа се направени 1.662 тестирања, а регистрирани се 536 нови случаи на КОВИД-19, починати се 15 лица, а оздравеле 741 пациент. Најмногу нови случаи има во Скопје, каде се регистрирани 213, зад кое следи Прилеп со 37, Тетово со 30, Битола со 29, Кавадарци и Струга со 23.  Во Куманово и во Охрид по 18, во Велес 17, во Гостивар и Дебар 13, Неготино 11, Радовиш 10. Помалку од 10 случаи има во Гевгелија, Струмица, Крива Паланка, Крушево, Кочани, Берово, Македонски Брод, Валандово, Делчево....
Како што соопшти Министерството за здравство, од починатите шест пациенти се од Скопје (73, 40, 70, 84, 72 и 62г), двајца од Куманово (66 и 64г), двајца од Тетово (68 и 75г), еден пациент од Охрид (64г), двајца од Струмица (69 и 69г) и по еден од Кочани (68г) и од Пехчево (67г). Сите се починати во болнички услови.
Од регистрираните 741 оздравен пациенти од Скопје се 248, Куманово-83, Дебар-7, Штип-28, Прилеп-50,  Тетово-30, Струга-32, Велес-17, Битола-25, Охрид-30, Кавадарци-41, Гостивар-27, Гевгелија-12, Струмица-20, Радовиш-12, Крушево-1, Кочани-24, Пробиштип-1,Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Валандово-7, Виница-2, Кратово-3, Свети Николе-8, Кичево-17, Ресен-4 и Неготино-7.
Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.329, бројот на оздравени пациенти е 61.447, на починати е 2.503, а бројот на активни случаи изнесува 19.379.
Скопје е со најмногу активни случаи, 11 333, а зад него следи Тетово со 847, Струмица со 604, а по околу 500 има во Куманово, Прилеп, Битола, Охрид...
Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 35961, активни 11333
• Куманово 4743, активни 537
• Дебар 630, активни 115
• Штип 3304, активни 243
• Прилеп 4231, активни 553
• Тетово 4765, активни 847
• Струга 2039, активни 322
• Велес 2767, активни 482
• Битола 3037, активни 546
• Охрид 2423, активни 576
• Кавадарци 2121, активни 543
• Гостивар 3381, активни 548
• Гевгелија 1166, активни 291 (76 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 199 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2306, активни 604
• Крива Паланка 625, активни 126
• Радовиш 621, активни 111
• Крушево 166, активни 73
• Кочани 1594, активни 216
• Пробиштип 447, активни 44
• Демир Хисар 235, активни 38
• Македонски Брод 218, активни 26
• Пехчево 155, активни 31
• Берово 500, активни 52
• Валандово 313, активни 62
• Виница 445, активни 60
• Делчево 671, активни 207 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 193, активни 17
• Свети Николе 1042, активни 100
• Кичево 1568, активни 219
• Ресен 644, активни 140
• Неготино 1018, активни 317 (159 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.662 теста се преку: ИЈЗ-210, ЦЈЗ Скопје-75,  Авицена-195, Биотек-140, МАНУ -108,  Жан Митрев (Филип Втори)-99, Систина со PCR метода -144, лабораторија Лаор –24, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-4, Инфективна клиника-3, ГАК-12, Синлаб-23, Ремедика-9, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -584, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 400.825 тестирања на КОВИД -19. мд/лв/

Остани поврзан