• понеделник, 13 мај 2024

Нови 183 случаи на Ковид-19, од нив 132 во Скопје

Нови 183 случаи на Ковид-19, од нив 132 во Скопје
Скопје, 13 септември 2021 (МИА) - Нови 183 случаи на Ковид-19 од направени 2.035 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Починати се 18 лица, а оздравени 531 пациент. Бројот на активни случаи е 13.045.
Повеќе од половина од новопријавените случаи се од Скопје - 132. Тринаесет случаи се регистрирани во Куманово, а шест во Кавадарци. По три нови случаи има во Прилеп, Струга и Крива Паланка, по два во Тетово, Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија и по еден нов случај е  регистриран во Гостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица.
Од починатите пациенти, најмладиот е на 48-годишна возраст од Тетово. Девет починати пациенти се од Скопје (85г, 80г, 69г, 67г, 64г, 61г, 59г, 57г, 52г), четворица од Кавадраци (88г, 88г, 72г, 60г), по две починати лица има од Тетово (81г и 48г)  и  од Битола (81г, 79г) и едно починато лице е од Гостивар (78г).
Шестнаесет се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.
Во земјата се направени вкупно 1.225.089 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лицаизнесува 183.705, а бројката на оздравени е 164.383. Починати се 6.277.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно):
Скопје 79429, Активни 5791
Куманово 10756, Активни 889
Тетово 10650, Активни 1115
Прилеп 8821, Активни 273
Гостивар 7870, Активни 662
Битола 6866, Активни 254
Велес 5932, Активни 248
Охрид 5714, Активни 592
Кавадарци 5625, Активни 171
Струмица 5490, Активни 535
Штип 5457, Активни 222
Кичево 3796, Активни 468
Струга 3719, Активни 632
Кочани 3070, Активни 103
Гевгелија 2328, Активни 72
Неготино 2276, Активни 45
Свети Николе 1778, Активни 107
Ресен 1470, Активни 99
Дебар 1433, Активни 192
Радовиш 1421, Активни 106
Крива Паланка 1325, Активни 59
Берово 1178, Активни 48
Делчево 1095, Активни 66
Виница 990, Активни 45
Пробиштип 876, Активни 43
Валандово 768, Активни 31
Богданци 539, Активни 23
Крушево 518, Активни 16
Кратово 508, Активни 58
Македонски Брод 452, Активни 34
Демир Хисар 418, Активни 10
Демир Капија 406, Активни 5
Пехчево 307, Активни 10
Македонска Каменица 285, Активни 17
Дојран 139, Активни 4. бак/аа/

Остани поврзан