• понеделник, 23 декември 2024

Нови 1 117 случаи на КОВИД-19, починале 22 лица, оздавени 1059 пациенти

Нови 1 117 случаи на КОВИД-19, починале 22 лица, оздавени 1059 пациенти
Скопје, 17 февруари 2022 (МИА) - Од направени се 3.513 тестови во последните 24 часа регистрирани се 1.117 нови случаи на КОВИД-19, од кои 154 се реинфекции, а оздравени се 1.059 пациенти. Починале 14 лица, а уште осум се пријавени за починати со дијагноза КОВИД согласно регистарот на Мој термин, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи најмногу има во Скопје – 575, следат Велес – 63, Куманово – 56, Битола – 54, Кавадарци – 44, Струмица – 38, Кичево – 33, Тетово – 32, Прилеп – 29, Гостивар – 24, Охрид – 20, Радовиш – 17, Гевгелија – 16, Штип и Неготино – по 15, Кочани – 12, Струга и Дебар – по 11, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Кратово – 5, Свети Николе, Берово и Валандово – по 4, Делчево и Богданци – по 3, Виница, Пробиштип и Крушево – по 2, Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Регистрирани сe 1.059 оздравени пациенти од: Скопје – 735, Куманово – 70, Битола – 49, Прилеп – 36, Тетово – 31, Охрид – 23, Гостивар – 20, Кичево – 17, Струга – 14, Штип – 13, Ресен и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Струмица и Крива Паланка – по 6, Дебар и Демир Хисар – по 4, Делчево и Крушево – по 2, Валандово – 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 8 починати лица од Скопје (66г, 75г, 75г, 76г, 77г, 81г, 82г и 85г), две починати лица од Битола (68г и 78г) и по едно од Куманово (89г), Прилеп (80г), Виница (72г) и Неготино (65г). Од пријавените лица 13 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени осум починати лица од: Скопје (2), Штип (1), Радовиш (1), Битола (1), Тетово (1), Делчево (1) и Богданци (1). Починатите лица се на возраст од 66г. до 86г. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 15.02.2022. Од починатите лица,  4 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети.
Направени се 3.513 тестови преку: ИЈЗ-445, ЦЈЗ Скопје-87, ЦЈЗ Битола-111, ЦЈЗ Прилеп-42, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-116, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–180, Жан Митрев (Филип Втори)-80, Авицена-100, Биотек-153, Систина-69, лабораторија Лаор-63, Синлаб-16, Ремедика-14, Плодност-45, Генеа-6, Никоб Лаб-259, ВФВ Медикал-60, Ели Медика-32, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-20, Рапид Лаб–20, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-29, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.523.
Досега во земјата се направени вкупно 1.859.233 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 290.915, бројот на оздравени пациенти е 273.243, на починати е 8.851, а бројот на активни случаи изнесува 8.821.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 134504, Активни 4974
Куманово 15903, Активни 392
Битола 13905, Активни 413
Прилеп 13349, Активни 254
Тетово 13216, Активни 339
Кавадарци 9906, Активни 345
Гостивар 9292, Активни 179
Велес 9184, Активни 339
Охрид 8391, Активни 153
Штип 7836, Активни 98
Струмица 7787, Активни 214
Кичево 5284, Активни 146
Кочани 4889, Активни 93
Струга 4589, Активни 77
Гевгелија 4123, Активни 128
Неготино 3539, Активни 148
Свети Николе 2596, Активни 58
Ресен 2525, Активни 57
Радовиш 2449, Активни 61
Крива Паланка 2338, Активни 57
Делчево 1875, Активни 24
Берово 1697, Активни 21
Дебар 1578, Активни 36
Валандово 1507, Активни 40
Виница 1354, Активни 20
Пробиштип 1281, Активни 10
Богданци 980, Активни 41
Кратово 920, Активни 18
Крушево 869, Активни 16
Демир Хисар 805, Активни 14
Македонски Брод 680, Активни 17
Демир Капија 536, Активни 20
Македонска Каменица 519, Активни 3
Пехчево 455, Активни 12
Дојран 254, Активни 4. вг/дма/

Остани поврзан