• петок, 22 ноември 2024

Нови ракетни напади врз Украина, Зеленски незадоволен од одржувањето на засолништата

Нови ракетни напади врз Украина, Зеленски незадоволен од одржувањето на засолништата

Киев, 24 јуни 2023 (МИА) -  Русија, во текот на изминатата ноќ, истрела нова салва од проектили врз украинските градови, соопштија украинските власти.

Градоначалникот на Дњепар, Борис Филатов, на каналот Телеграм објави дека „неколку куќи се целосно уништени“. 

„По експлозијата имаше огромен кратер. Има жртви“, напиша Филатов.

Шефот на воената управа на Киев, Сергиј Попко, изјави дека противвоздушната одбрана уништила „повеќе од дваесет проектили во воздушниот простор околу Киев“. Отпадоци од проектил предизвикаа уништување и пожар во зграда од 24 ката. Најмалку две лица се повредени, рече тој.

Цела Украина беше во воздушна тревога повеќе од еден час, а експлозии беа пријавени во Харков, вториот по големина град во земјата, Дњепар, во централна Украина, како и во други градови.

Властите ги повикаа жителите на Миколаев и Херсон да останат во засолништа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ноќеска претседаваше со Советот за национална безбедност и одбрана и разговараше за безбедноста на украинскиот народ, судските реформи и пристапувањето на Украина во Европската унија.

-Денеска ја набљудувавме ситуацијата со засолништата во регионите, областите и градовите што се најинтензивно тероризирани од непријателот, рече Зеленски во видеото на Телеграм.

„Ситуацијата е особено цинична и срамна во оние градови кои имаат значителни финансиски средства, но за жал имаат други приоритети“, додаде тој. Тој нагласи дека локалните власти требало да подготват засолништа и да „обезбедат непречен пристап до нив 24 часа на ден“.

Неколку области, вклучително и Киев, беа критикувани за лошо одржување на засолништата, но не беа именувани локални лидери одговорни за таквата состојба на засолништата. сд/

фото: архива

Остани поврзан