• понеделник, 23 декември 2024

Нови приказни од светот на „Војна на ѕвездите“

Нови приказни од светот на „Војна на ѕвездите“

Лос Анџелес, 20 септември 2022 (МИА) - Кога Џорџ Лукас „одел од врата на врата“ во холивудските студија за спонзори за неговата идеја за вселенската сага „Војна на ѕвездите“, тој не ни можел да замисли дека ќе отпочне франшиза, т.е. цело множество приказни коешто во 2020 година се проценуваше на вкупно 70 милијарди долари.

Покрај деветте филмови од основната приказна, снимен е и цртан филм, па играните филмови „Непријател број 1“ (Rogue One) и „Соло“, а во подготовка се уште два долгометражни филма - „Rogue Squadron“ (Непријателска ескадрила) и уште еден засега неименуван проект... По големиот успех на „Мандалоријанец“ (The Mandalorian) и „Книгата на Боба Фет“ (The Book of Boba Fett) и „Оби-Ван Кеноби“ (Obi-Wan Kenobi), наскоро доаѓа „Андор“ (Andor), а следната година и „Ашока“ (Ahsoka), „Ландо и „Екипажот на Скелетон“ (Skeleton Crew) - сите како дел од светот наречен „Војна на ѕвездите“. https://youtu.be/qKTQ-28mQyY Во новата серија „Андор“ што ќе биде достапна од 21 септември на стрим-услугата „Дизни плус“, Диего Луна се враќа во улогата на бунтовничкиот шпион Касијан Андор, во настани што се случуваат пет години пред „Непријател број 1“. Потврдено е и дека Женевјев О'Рајли повторно ќе ја глуми Мон Мотма, а ќе се појават и Стелан Скарсгард, Форест Витакер, Адрија Арјона, Фиона Шо и многу други глумци. „Ашока“ е лик што Розарио Досон го претстави во „Мандалоријанец“, па си доби и своја серија. Дејв Филони и Џон Фавро се извршни продуцент. Во серијата глумат и Мери Елизабет Винстед, Ивана Сакно, Еман Есфанди и Наташа Лиу Бордизо... А, нивните патишта се вкрстуваат и со „Оби-Ван“, па и тука ќе го видиме Хајден Кристенсен како Анакин Скајвокер. https://youtu.be/odnRRZKhNPk Снимањето на третата сезона од „Мандалоријанец“ почна во октомври лани, а Педро Паскал се врати како омилениот херој. Прикажувањето е најавено за февруари 2023 година. Под водство на режисерот Џон Вотс, во „Екипажот на Скелетон“, Џуд Ло ќе глуми во „Екипажот на Скелетон“ - приказна за падот на Империјата од гледиштето на четири деца. Авторката на популарната серија „Руска кукла“ - Лесли Хедланд е задолжена за „Аколит“, трилер мистерија за мрачните тајни на Галаксијата и последните денови од ерата на Високата Република. Потврдено е дека ќе глуми Аманта Стенберг, како и Џоди Тарнер Смит и Ли Јунг-Џе. ТВ-серијата „Ренџери на Новата Република“, пак, следи група пилоти во истиот кои исто така ќе ги поврзе со севкупната приказна на „Војна на ѕвездите“. Додека Доналд Гловер го играше Ландо Калисијан како помлад во „Соло: Приказна од војните на ѕвездите“, сè уште не е познато дали тој ќе ја повтори својата улога во претстојната серија. Во филмовите, улогата на Ландо му беше доверена на Били Ди Вилијамс. Познато е и дека проектот му бил доверен на Џастин Симиен.  си/ми/

Остани поврзан