• петок, 22 ноември 2024

Нови „Најки“ патики за лица со попреченост

Нови „Најки“ патики за лица со попреченост
Лос Анџелес, 3 февруари 2021 (МИА) - Компанијата „Најки“ во продажба ќе пушти тн. „хендсфри“ патики, коишто се обуваат како влечки, без употреба на рацете. Новиот производ е замислен како олеснување за лицата со попреченост, за кои обувањето е вистински предизвик. По изглед, новите спортски обувки нема да се разликуваат од традиционалните. Но, внатре во нив лежи клучот... Среде патиката има механизам што прави обувката да се витка, при што ногата ќе може лесно да се стави во неа. Потоа, патиката веднаш се исправа. Називот на новите патики е „Најки - го флај изи“ (Nike GO FlyEase). Ќе бидат достапни во три комбинации - бела и зелена, бела и црвена и - бела и сина боја. Ќе се најдат во продажба од 15 февруари и цената ќе изнесува 120 американски долари (100 евра). си/ https://www.youtube.com/watch?v=ZTRsiWa79rY

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан