• четврток, 21 ноември 2024

Нови кадри во раководството на Алтернатива

Нови кадри во раководството на Алтернатива

Скопје, 2 септември 2024 (МИА) - На денешниот состанок на централното претседателство на Алтернатива, избрани се нови кадри во раководството на партијата.

Како што информираат оттаму, за генерален секретар е именуван Амир Елези, за потпретседатели Арбен Лабеништи, Орхан Муртезани, Сафие Садики Шаини, Афан Елези, a за организациски секретар Башким Муртези.

Беким Сали e назначен за секретар за човечки ресурси, Адмирим Алити за секретар на секретаријатот на одделенијата, Фисник Мела за секретар за стратешки политики, а Дритон Сулејмани за секретар за односи со јавноста.

Оваа одлука уште еднаш покажува високо ниво на демократија и внатрешна стабилност на АлтернАтивА, давајќи им можност и простор на новите кадри да придонесат во највисоката хиерархија на партијата, се наведува во соопштението. бд/бак/

Фото: Фејсбук 

Остани поврзан