• недела, 17 ноември 2024

Нови инциденти пред Собранието на Србија во Белград (видео)

Нови инциденти пред Собранието на Србија во Белград (видео)
Белград, 10 јули 2020 (МИА) – Демонстрантите во Белград почнаа да фрлаат камења, факели, и шишиња кон влезот на Парламентот каде се распоредени полициски сили. Полицијата во одбрана употреби солзавец како и во изминатите три дена додека траат протестите. Жандармеријата се обидува да ги потисне демонстрантите кои ја нападнаа полицијата и да го заземе платото пред Парламентот. Во одговор, демонстрантите фрлаат кон нив и со бетонски делови од плочник. На моменти беше мирно на протестите каде демонстрантите почнаа да се повлекуваат, но една група почна да фрла по плициските сили. Според белргадски медиуми, регистрирани се и најверојатно шок бомби од полицијата. Илјадници луѓе се собраа во Белград и вечерва, четврти ден по ред пред српскиот Парламент на протести и покрај одлуката на Кризниот штаб да забрани собирање на повеќе од 10 лица, јавиа белградски  медиуми. Протести има во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ниш, Чачак, Зрењанин, Лесковац, Пирот и Врање, поради незадоволство од сегашната политичка и епидемиолошка состојба во државата. Неколку илјади луѓе се собраа пред Националното собрание во Белград. Група демонстранти ја пробија оградата пред Парламентот, но полицијата успеа да ги отстрани и да го опколи Собранието. зш/ https://www.youtube.com/watch?v=52AZbKKqqrc

Остани поврзан