• недела, 16 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Новиот сириски лидер пристигна во посета на Јордан

Новиот сириски лидер пристигна во посета на Јордан

Аман, 26 февруари 2025 (МИА) - Сирискиот привремен лидер Ахмед ал Шара денеска во Аман се сретна со јорданскиот крал Абдула Втори за време на неговата трета посета во странство по соборувањето на претседателот Башар ал Асад во декември.

Монархот го пречека Ал Шара на аеродромот Марка, се вели во официјалното соопштение. Двајцата потоа отидоа во кралската палата на нивната прва средба откако Ал Шара дојде на власт во Сирија.

Ова е трета посета на новиот сириски лидер во странство. Претходно тој ги посети Саудиска Арабија и Турција.

Привремениот сириски лидер е придружуван од министерот за надворешни работи Асад ал Шибани.

Тој веќе го посети Аман минатиот месец и се состана со неговиот колега Ајман Сафади. За време на оваа посета, двете земји одлучија да соработуваат во борбата против шверцот на оружје и дрога преку нивната заедничка граница. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан