Новиот претседател на Габон положи заклетва
- Претседателот на Габон, Брајс Олигуи Нгуема денеска положи заклетва во главниот град Либревил пред околу 40.000 луѓе.
Либревил, 3 мај 2025 (МИА) - Претседателот на Габон, Брајс Олигуи Нгуема денеска положи заклетва во главниот град Либревил пред околу 40.000 луѓе.
Меѓу присутните беа 16 шефови на држави од африкански земји.
Полагањето заклетва го означи крајот на владеењето на Нгуема како привремен претседател, 19 месеци по соборувањето на Али Бонго.
Генералот Нгуема, кој го заврши 55-годишното владеење на семејството Бонго, положи заклетва според новиот устав на земјата, кој беше усвоен на референдум одржан за време на привремената влада во ноември 2024 година.
Пред крајот на годинава во Габон треба да бидат закажани парламентарни избори. рп/
Фото: ЕПА