• недела, 22 декември 2024

Новиот премиер Свини верува во независност на Шкотска во следните пет години

Новиот премиер Свини верува во независност на Шкотска во следните пет години

Единбург, 10 мај 2024 (МИА) - Новиот шкотски премиер Џон Свини денеска изјави дека верува оти Шкотска може да стане независна во следните пет години. 

-Мислам дека независноста може да се постигне во таа временска рамка бидејќи аргументите за тоа се убедливи, изјави Свини за Скај Њуз. 

Тој оцени дека Шкотска се соочува со зголемени животни трошоци и последици од Брегзит и дека тоа се „значајни стратешки фактори кои предизвикуваат сериозна економска и социјална штета на Шкотска поради лошите одлуки донесени во Вестминстер“. 

-И одговорот на тоа е независност, рече Свини. 

Тој потсети дека Шкотска е „избркана од Европската унија против своја волја“, со оглед на тоа што мнозинството гласаше против Брегзит, односно таа земја од Обединетото Кралство да остане во ЕУ. 

Ветеранот на Шкотската национална партија (СНП) Свини на 8 мај беше избран за прв министер на шкотската Влада, наследувајќи го Хумза Јусаф, кој поднесе оставка на 29 април, откако претходно ја раскина коалицијата со шкотските Зелени, јавија британските медиуми. 

Јусаф поднесе оставка како лидер на про-независната СНП, откако не успеа да обезбеди доволно поддршка за да преживее гласање за доверба.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан