• понеделник, 20 мај 2024

Новиот командант на руските сили во Украина призна дека ситуацијата е „напната“

Новиот командант на руските сили во Украина призна дека ситуацијата е „напната“
Москва, 18 октомври 2022 (МИА) - Новиот командант на руските сили во Украина, Сергеј Суровикин, призна денеска дека воената ситуација во Украина е „напната“, особено околу окупираниот јужен град Херсон. - Генерално, ситуацијата во областа на специјалната воена операција може да се дефинира како напната“, рече тој во интервју за државната телевизија „Россија 24. - Непријателот не се откажува од обидите да ги нападне позициите на руските трупи, рече Суровикин. Според него, ова првенствено се однесува на секторите Купјанск, Лиман и Николаев-Криви Рих. Тој рече дека руската група во Украина не настојува да напредува со големо темпо, туку методично го „меле“ непријателот, пренесе ТАСС. „Нашата стратегија е поинаква. Врховниот командант веќе зборуваше за ова. Ние не се стремиме кон високо темпо на напредување, ние го чуваме секој војник и методично го „мелеме“ непријателот што напредува“, рече тој. Генералот Суровикин тврди дека вооружените сили на Украина секојдневно губат од 600 до 1.000 убиени и ранети луѓе. ссм/

Остани поврзан