• понеделник, 08 јули 2024

Новиот албум на Кендрик Ламар хит на стрим-платформите

Новиот албум на Кендрик Ламар хит на стрим-платформите
Лос Анџелес, 17 мај 2022 (МИА) - Со новиот албум „Mr. Morale & the Big Steppers“, Кендрик Ламар практично ги блокираше музичките стрим-платформи „Спотифај“ и „Епл мјузик“. Албумот е пофален и од многу музичари... „Ова 'боли', јас сум без зборови“, напиша Еминем на Твитер. Ламар за овој албум соработуваше со голем број музичари - Би-ел-екст и Аманда Рајфер се појавуваат во песната „Die Hard“, Тејлор Пејџ во „We Cry Together“, а Самер Вокер и Гостфејс Кила во „Purple Hearts“... На албумот има вкупно девет песни. Својот претходен албум „Damn“, Кендрик Ламар го издаде пред пет години, во 2017. и за него ја доби Пулицеровата музичка награда. Потоа, Ламар работеше на музичкиот избор за филмот на Марвел - „Црниот пантер“ изведен и на Коаччлела фестивал, освои 14 „Греми“ награди и номинација за „Оскар“. Учествуваше и на Супербоулот на полувремето со Д-р Дре претходно годинава.  си/

Остани поврзан