• петок, 05 декември 2025

Новинарот на МИА, Слободан Иванов награден како „Гласник на невидливите“ за 2025 година

Новинарот на МИА, Слободан Иванов награден како „Гласник на невидливите“ за 2025 година

Скопје, 14 јули 2025 (МИА) - Заедно со седуммина свои колеги од други медиуми, новинарот на МИА, Слободан Иванов е добитник на награда „Гласник на невидливите“ за 2025 година. Македонската платформа против сиромаштијата (МППС) годинава по осми пат ќе ги истакне новинарите кои пишуваат за „невидливите“, маргинализирани групи и заедници во македонското општество.

Листата наградени ја сочинуваат:

1. Ана Арсеновска Зафирова, за објавата „Каков 8 март одбележуваат жените, мајки на деца со аутизам“;

2. Гоше Николов - „Револуција во пристапноста: Трансформативната моќ на вештачката интелигенција за лицата со попреченост“;

3. Емилија Бунтеска Нацоска - „Расте бројот на гладни, редиците пред народните кујни сѐ подолги“;

4. Кристијан Ландов - „Претрес: Од раскош до бездомништво, од семејство до улица - сурови животни приказни“;

5. Љубица Иванова - „На улица наместо во училишните клупи - Македонија без решение за децата од улица“;

6. Наташа Доковска - „Менструацијата не е луксуз – зошто боли двојно во сиромаштија?“;

7. Слободан Иванов - „Пристап до објекти, образование и вработување - најчести предизвици за лицата со попреченост“. 

Доделувањето на наградите „Гласник на невидливите“ ќе се одржи в четврток, на 17 јули 2025 година, со почеток од 19.30 часот, во Собрание бистро, ул. Даме Груев бр. 3, зад зградата на македонското Собрание. си/са/

Фото: МИА

Остани поврзан