• вторник, 24 декември 2024

Новинари и активисти во Истанбул бараат правда за Кашоги

Новинари и активисти во Истанбул бараат правда за Кашоги
Истанбул, 2 октомври 2020 (МИА) – Новинари и активисти за човекови права денеска повикаа на правда за саудискиот новинар Џамал Кашоги. Повикот е упатен на втората годишнина од бруталното убиство на колумнистот на „Вашингтон пост“ во Конзулатот на неговата земја во Истанбул. Десетици активисти се собраа кај спомен-обележјето поставено во чест на Кашоги во близина на зградата на саудискиот Конзулат во Истанбул. Активистите го осудија убиството на новинарот, што фрли сенка на угледот на престолонаследникот Мохамед бин Салман и ја оценија како несоодветна кривичната постапка во Саудиска Арабија. - Правдата сè уште не е остварена, изјави новинарот Туран Кислак, кој бил пријател на Кашоги. - Театарскиот суд заседава веќе две години. Сепак, на светот не му беа дадени детали за овој случај, додаде тој. Минатиот месец, судот во Саудиска Арабија донесе правосилни пресуди осудувајќи осум неименувани саудиски државјани за убиството на Кашоги во 2018 година. Пресудите на Кривичниот суд во Ријад следеа откако синот на Кашоги, кој сè уште престојува во кралството, објави помилување со кое пет осудени лица беа поштедени од егзекуции. Групите за заштита на човекови права и набљудувачите го критикуваа судењето, велејќи дека тоа се водело зад затворени врати и не било транспарентно. јт/

Остани поврзан