• сабота, 23 ноември 2024

Новинарите во унгарскиот портал „Индекс“ поднесоа оставки откако главниот уредник доби отказ

Новинарите во унгарскиот портал „Индекс“ поднесоа оставки откако главниот уредник доби отказ
Будимпешта, 24 јули 2020 (МИА) - Тројца уредници и повеќе од 50 новинари од независниот унгарски портал „Индекс“ (Index.hu) дадоа отказ откако беше отпуштен главниот уредник Саболц Дул. Во соопштението на новинарите се оценува дека отказот за нивниот шеф е „отворен обид за вршење на притисок врз порталот. Тие истакнаа дека дале отказ откако претседателот на Управниот одбор го одбил нивното барање Соболц да биде вратен на местото главен уредник, кој беше отпуштен пред два дена. „Индекс“ минатиот месец од независен портал премина во категоријата „во опасност“, откако новинарите не се согласија со реорганизација на редакциите. „Индекс“ е меѓу неколкуте независни медиуми, кои се финансиски загрозени и со намалена слобода за дејствување поради напорите на унгарскиот премиер Виктор Орбан да контролира се поголем број медиуми. ми/

Остани поврзан