• сабота, 29 јуни 2024

Нова улица во кавадаречко Глишиќ

Нова улица во кавадаречко Глишиќ
Кавадарци, 23 мај 2022 (МИА) - Извршено е пробивање на улицата „Благој Дафков" покрај училиштето во кавадаречко Глишиќ и поврзување на улиците „Младост" и „Ѓуро Ѓаковиќ", информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. - Конечно граѓаните од овој дел ќе добијат улица што е паралелна на улицата „Шишка" и ќе можат да си ги извршуваат обврските, без да треба да се приклучуваат на главната улица, соопштија од градоначалничкиот кабинет. Од кабинетот на Јанчев додадоа дека се избрани нови претседатели на урбаните и месните заедници. Тие ги доставиле своите барања во делот на урбанизмот, инфраструктурата и комуналната дејност. - Сега е потребно да изработат и програма најдоцна до октомври месец годинава, за таа да влезе во општинската програма за 2023 година, појаснија од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци.  свд/цр

Остани поврзан