• четврток, 18 јули 2024

Нова детска градинка ќе се гради во Матејче

Нова детска градинка ќе се гради во Матејче
Скопје, 29 март 2021 (МИА) - Нова детска градинка со капацитет за згрижување на 102 деца до шест години ќе се гради во Матејче, општина Липково, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги што Министеството го имплементира со финансиска поддршка од Светска банка. Градинката, како што беше сооштено на денешната презентација на проекот за нејзина изградба, ќе се гради на државно земјите со површина од 1121 метар квадратен. Објектот на градинката ќе има површина од 560 метри квадратни. Во градинката ќе можат да се згрижат деца од јасли до шест години. Во детската градинка ќе бидат организирани шест возрасни групи. Градинката ќе има и сопствена кујна со капацитет за подготовка од 100 до 200 оброци. Во моментот течат трите недели рок во кој сите заинтересирани и засегнати можат да постават прашања. Потоа Министерството за труд и социјална политика ќе потпише договор за грант со Општина Липково, по што ќе може да се почне се тендерската постапка за избор на најповолен понудувач. Овие активности би требало да се завршат во рок од три до четири месеци, по што може да почнат градежните работи за изградба на градинката, која би требало да биде изградена за 16 до 18 месеци. Проектот за подобрување на социјалните услуги во Република Северна Македонија (ППСУ) се спроведува врз основа на наменскиот заем кој Владата на Република Северна Македонија го доби од Светска Банка. Заемот е со вредност од 28,7 милиони евра, а Проектот треба да се реализира во временски период од октомври 2018 година до јуни 2024 година. Имплементатор на Проектот е Министерството за труд и социјална политика. Преку проектот треба да се овозможи зголемен пристап до социјални услуги во домот и во заедницата од страна на сиромашните и ранливите групи, подобрување на пристапот и ефикасноста на придобивките од социјалната помош и испорака на услуги преку развој на интегриран информационен систем (ИТ систем) за социјална заштита, обезбедување подобар квалитет на раното детско згрижување и воспитување и подобрување на пристапот и интересот за услугите поврзани со раното детско згрижување и воспитување. сст/скс/ фото МИА архива

Остани поврзан