• сабота, 06 декември 2025

Нова веб-страница на општина Неготино

Нова веб-страница на општина Неготино
Неготино, 7 ноември 2022 (МИА) - Општина Неготино доби нова веб-страница, информираше денеска градоначалникот Горан Стојанов.
- Во насока на обезбедување поголема интерактивност со граѓаните на нашата општина и со цел да се подобри транспарентноста и отчетноста, општина Неготино подготви нова веб-страница преку која граѓаните ќе можат навремено и точно да се информираат за работењето на локалната самоуправа и случувањата во општината, соопшти градоначалникот Стојанов.
Тој нагласи дека новата веб-страница е изработена во тек со најсовремените трендови и овозможува „лесна“ навигација со достапност до сите потребни информации.
- На новата веб-страница, покрај основните информации за општината, администрацијата, финансиските и стратешките документи, овозможени се сите услуги, пристап до јавни набавки, а поедноставено е и пријавувањето на проблем. Паралелно, во наредниот период ќе се ажурираат и податоците од старата веб-страница https://negotino.gov.mk/, појасни градоначалникот на Неготино. свд/мд/

Остани поврзан