• сабота, 21 декември 2024

Нова американска воена помош за Украина

Нова американска воена помош за Украина

Вашингтон, 1 ноември 2024 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден вечерва соопшти дека ќе испрати воена помош во вредност од 425 милиони долари за Украина додека Киев се подготвува да се спротивстави на руските војници, засилени со помош од 10.000 севернокорејски војници.

Овој пакет помош вклучува оружје што може да се извлече од постоечките американски воени резерви, вклучувајќи противвоздушни ракети, ракети за системот ХИМАРС и топови со калибар од 155 милиметри, како и оклопни возила и противтенковско оружје.

Градовите на истокот на Украина и натаму се на удар на руски ракети, а вчера станбен блок во милионскиот град Харков беше погоден од наведувана, летечка бомба тешка 500 килограми. Во тој напад загинаа три лица, а десетици беа ранети.

Украина се соочува и со нов предизвик - доаѓање на повеќе од 10.000 севернокорејски војници врз основа на воената соработка на властите во Пјонгјанг со Москва. Тие војници стигнаа до границата со Украина и се подготвуваат да се приклучат на борбата. паг/

Фото: МИА архива



 

Остани поврзан