• понеделник, 23 декември 2024

Новата џиновската ракета на НАСА подготвена за лансирање

Новата џиновската ракета на НАСА подготвена за лансирање

Хјустон, 17 август 2022 (МИА) - Огромната месечева ракета на НАСА, „Систем за вселенско лансирање“ (Space Launch System) го почна своето бавно, повеќечасовно патување до лансирната рампа денеска додека се подготвува нејзиното прво пробно испраќање на Месечината за нешто помалку од две седмици.

Ракетата висока 98 метри треба да отпатува на својата прва вселенска мисија на Месечината без екипаж на 29 август, во рамки на програмата „Артемис“ на НАСА. Тоа е проект на Соединетите Американски Држави вреден повеќе милијарди долари, со цел враќање на луѓето на површината на Месечината, како подготовка за идните мисии на Марс. „Системот“, чијшто развој беше предводен од „Боинг“ изминатово десетлетие, излезе од својот погон за изградба во вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА на Флорида. На врвот на ракетата се наоѓа капсулата „Орион“, дизајнирана да носи и луѓе на Месечината. За мисијата на 29 август, наречена „Артемис 1“, капсулата само ќе ја заобиколи Месечината пред да се врати на Земјата и слета во океанот 42 дена подоцна. Ако можно лошо време или технички проблеми предизвикаат одложување на лансирањето на 29 август, НАСА има и првични резервни датуми за полетување - 2 и 5 септември.   си/ссм/

Остани поврзан