• сабота, 23 ноември 2024

Новавакс тестира вакцина против новиот вид коронавирус

Новавакс тестира вакцина против новиот вид коронавирус
Белград, 29 декември 2020 (МИА) - Американската биотехнолошка компанија „Новавакс“, специјализирана за развој на вакцини, ја тестира својата вакцина против новиот вид коронавирус што се пренесува полесно, а за првпат се појави во Велика Британија. „Активно тестираме серуми против новиот вид во Велика Британија“, соопшти компанијата. Во соопштението се наведува дека тоа ќе вклучува земање крв од учесниците во истражувањето кои примиле вакцина, а резултатите за ефикасноста на вакцината ќе се чекаат неколку недели. „Новавакс“ на тој начин им се приклучи на фармацевтските компании, вклучувајќи ги „Фајзер“ и „Модерна“, кои исто така тестираат вакцини против овој вид. Компанијата соопшти дека верува оти вакцината ќе создаде „имунолошки одговор на сите мутации на коронавирусот“. „Новавакс“ претходно најави започнување на третата фаза на тестирање на нејзината основна вакцина против коронавирусот. паг/  

Остани поврзан