• недела, 22 декември 2024

Нобеловец од Бангладеш обвинет за проневера и перење пари

Нобеловец од Бангладеш обвинет за проневера и перење пари

Дака, 12 јуни 2024 (МИА) - Добитникот на Нобеловата награда за мир Мухамед Јунус денеска во Бангладеш заедно со уште 13 лица е обвинет за проневера на повеќе од два милиони долари.

Осумдесет и тригодишниот Јунус ја доби Нобеловата награда во 2006 година за овозможување микрокредитирање како начин да им се помогне на сиромашните луѓе, особено на жените.Јунус изјави дека не е виновен и дека тој и неговите колеги се „малтретирани“ од властите.

Обвинителството тврди дека Јунус и другите обвинети проневериле повеќе од два милиони долари од фондот за грижа на вработени на неговата невладина организација Грамин Телеком, која поседува 32 отсто од акциите на најголемата компанија за мобилни телефони во Бангладеш, Грамифон, подружница на Норвешки Теленор.

Истовремено, обвинетите се товарат и за перење пари. Почетокот на судењето е закажано за 15 јули. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан