• понеделник, 23 декември 2024

НЛБ со понуда за преземање на Сбербанк во Словенија

НЛБ со понуда за преземање на Сбербанк во Словенија

Љубљана, 1 март 2022 (МИА) - Нова Љубљанска банка (НЛБ) дала понуда за преземање на пропаднатата филијала на Сбербанк во Словенија, објавија словенечките медиуми, а официјалната потврда на банката и регулаторот се уште се чека.

Сите филијали на Сбербанк би можеле повторно да започнат со работа нормално од утре без ограничувања за околу 45 илјади клиенти на таа банка и нема да биде потребно да се активира гарантната шема која гарантира депозити на инвеститорите до сто илјади евра во случај банката да биде ликвидирана, објави бизнис весникот „Финансии“ и словенечкиот јавен радио сервис.

Цената за преземање на словенечката филијала на Сбербанк која ја дава НЛБ не е позната, јавуваат словенечките медиуми.

Клиентите на Сбербанк Словенија немаат пристап до нејзините услуги од вчера, а плаќањата и повлекувањата се максимизирани до утре во износ од 400 евра дневно. паг/

Остани поврзан