• сабота, 23 ноември 2024

НЛБ и АБА-лигата ја продолжија соработката

НЛБ и АБА-лигата ја продолжија соработката
Скопје, 2 февруари 2022 (МИА) – Компанијата од банкарскиот и финансискиот сектор, НЛБ Групацијата и регионалната кошаркарска АБА лига потпишаа договор за продолжување на соработката до 2025 година. Со влегувањето како спонзор во најмоќното кошаркарско натпреварување во овој регион, НЛБ Групацијата стана и генерален спонзор на натпреварувањата од втора лига, под покровителство на АБА Лигата, коja отсега ќе се вика НЛБ АБА ЛИГА 2. - Овој регион на можности е наш дом. Сега имаме нова, одлична можност регионот на ЈИЕ во кој работиме, уште повеќе да го обединиме но, овој пат преку спортот. Да станеме број еден и да ја покажеме нашата страст. Во АБА лигата гледаме регионален партнер, а со спонзорирање на АБА лигата имаме можност да ја потврдиме нашата посветеност за развој на овој регион. Луѓето кои живеат, работат, создаваат и сонуваат во овој регион се многу повеќе поврзани отколку што тоа на прв поглед изгледа. Бидејќи со сето срце веруваме во регионот и во потенцијалот на АБА лигата, соопштија од НЛБ Групација. Директорот на АБА-лигата Дубравко Кметовиќ изрази задоволството од договорот за соработка. - Убеден сум дека заедно можеме да направиме навистина неверојатни работи на многу различни нивоа. Иако нашата главна цел останува да и помогнеме на регионалната кошарка уште повеќе да расте во наредните години, ние исто така сакаме да ја искористиме соработката во контекст на грижа за огромната кошаркарска заедница. Нашите заеднички цели се промовирање и ширење на сите културни аспекти поврзани со спортот, обезбедување финансиска едукација за играчите, обезбедување на сета потребна помош на младите играчи за нивен правилен развој и реализација на низа други општествено корисни проекти, вели Кметовиќ. Во АБА 2 лигата настапуваат македонските екипи МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер. зс/

Остани поврзан