• вторник, 05 ноември 2024

НЛБ Банка со донација за поддршка на акциите за гаснење на пожарите во земјата

НЛБ Банка со донација за поддршка на акциите за гаснење на пожарите во земјата

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - НЛБ Банка обезбеди донација во вид на финансиска помош за потребите на населението погодено од разорните шумски пожари кои летово зафатија голем дел од територијата на Македонија. Донацијата е спроведена преку сметката на солидарноста на организацијата на Црвениот крст.

Банката воедно, преку дополнителна донација за набавка на опрема ќе ги поддржи и активностите на храбрите волонтери на „Доброволното Противпожарно Друштво – Пехчево“, кои со денови и неуморно се борат со огнените стихии.

Како дел од постојаната заложба на Банката за поддршка на заедницата и управување со животната средина, овој придонес има за цел да ги обезбеди многу потребните ресурси за оние кои ги ризикуваат своите животи и делуваат во исклучително тешки услови за да ги заштитат нашите заедници и животите на луѓето во погодените подрачја.

-Овие донации се дел од нашата подготвеност за помош при катастрофи и придонес за благосостојба во заедницата во која живееме и делуваме, но и пошироко во регионот, кој не е само точка на мапата, туку наш дом за кој сите подеднакво имаме одговорност. Упатуваме огромна благодарност до сите луѓе – професионалци и волонтери, организации и институции вклучени во гаснење на пожарите и топли пораки за поддршка на локалното население кое живее во погодените подрачја, со искрени желби нивните животи што поскоро да се вратат во нормала, истакнуваат од НЛБ Банка.

Речиси секоја година, во летниот период, Македонија ја зафаќаат шумски пожари кои зад себе оставаат пустош и ненадоместлива загуба. Шумите се „белите дробови“ на нашата планета и од витално значење за нашиот опстанок. Обезбедуваат чист воздух, ја поддржуваат биолошката разновидност и се борат против климатските промени. Секое дрво што ќе го зачуваме навистина прави разлика.

-Преку одговорно локално делување, сите заедно даваме придонес кон заложбите на глобално ниво за справување со предизвиците на модерниот свет: климатските промени, загадувањето на воздухот, заштита на животната средина и биодиверзитетот, како и одржливоста на нашата планета. Важно е да го заштитиме нашиот природен свет за нас, но и за генерациите кои доаѓаат, додаваат од Банката. мч/аа/

фото: МИА архива

Остани поврзан