• понеделник, 23 декември 2024

НЛБ Банка генерален спонзор на македонската одбојкарска репрезентација

НЛБ Банка генерален спонзор на македонската одбојкарска репрезентација
Скопје, 15 јуни 2021 (МИА) - НЛБ Банка АД Скопје е нов генерален спонзор на сениорската машка репрезентација на Македонија. Логото на компанијата ќе стои на дресовите на македонските одбојкари кои од 1 до 19 септември ќе настапат на Европското првенство. - Чест ни е да бидеме Генерален спонзор на македонската репрезентација. Кога имате два победнички тима, успехот е неизбежен, а ние од срце веруваме во нашите момци и им посакуваме успех на претстојното Европско првенство на кое ќе ги испратиме со голема надеж. Изминатата година беше исклучително тешка со многу откажани натпревари, или играње во празни сали без публика. Ние отсекогаш даваме поддршката на спортот и ќе им бидеме ветар во грбот на македонските одбојкари. Да навиваме за нив, изјави Антонио Аргир, претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка. Благодарност за поддршката изрази претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски. - Изминатите години работевме тивко и напорно. Таквата наша работа донесе резултати. Благодарност до НЛБ Банка затоа што ја препозна нашата визија и даде поддршка. Со нивната поддршка ќе обезбедиме подобри услови за нашите репрезентативци во насока на што подобра презентација на Македонија и македонската одбојка во меѓународни рамки, рече Јовановски на денешната прес-конференција. Договорот за генерално спонзорство е со важност од 12 месеци со можност тој да биде продолжен. зс/

Остани поврзан